ЌЕ ИМА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК – Но само ако се предложат измени над 30% од постојниот

Седницата е затворена за јавност, а по нејзиното завршување ќе следи изјава за медиумите.

ЌЕ ИМА НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК – Но само ако се предложат измени над 30% од постојниот
Фото: Принтскрин

Денеска во Министерството за правда ќе се одржи конститутивната седница на работната група за реформи на изборното законодавство. Седницата ќе ја води министерот за правда, Игор Филков, а се очекува присуство на претставници од сите парламентарни партии и независни пратеници.

Од Министерството за правда информираат дека на средбата ќе се избира претседател на работната група и ќе се усвои Деловник за работа.

Според објавените информации, нов Изборен законик ќе се носи само ако се предложат измени што надминуваат 30 проценти од сегашниот закон.

Конститутивната седница е затворена за јавноста, а по нејзиното завршување ќе следи изјава за медиумите.

CATEGORIES
Share This