БЛОК ОТПУШТА 40% ОД ВРАБОТЕНИТЕ – Вештачка интелигенција ќе го заменува човечкиот труд

Отпуштањата не се поради финансиски проблеми, туку стратешка адаптација кон новите технологии.

БЛОК ОТПУШТА 40% ОД ВРАБОТЕНИТЕ – Вештачка интелигенција ќе го заменува човечкиот труд
Фото: Принтскрин

Компанијата Блок, основана од коосновачот на Твитер, Џек Дорси, отпушта околу 4.000 вработени, што претставува 40% од работната сила, која ќе се намали на околу 6.000 луѓе. Како причина за отпуштањата се наведуваат зголемените можности на вештачката интелигенција (AI), а Дорси очекува и други компании да го следат примерот.

Блок стои зад финансиски сервиси како Square, Cash App и Afterpay. Во писмо до акционерите, Дорси објасни дека помал тим, користејќи ги алатките што компанијата ги развива, може да постигне повеќе и со подобар квалитет. Тој нагласи дека отпуштањата не се поради финансиски проблеми, туку поради стратегиска адаптација кон AI.

Отпуштените ќе добијат најмалку 20 недели плата како отпремнина, исплата на акции до крајот на мај, шест месеци здравствено осигурување, целата корпоративна опрема и дополнителни 5.000 долари. По објавата, акциите на Блок скокнаа за 24%.

Отпуштањата на Блок се дел од поширок тренд, бидејќи компании како Amazon, Meta, Microsoft и Verizon исто така намалуваат вработени, додека AI ги менува работните места. Големи AI компании како Anthropic и OpenAI продолжуваат да развиваат алатки кои автоматизираат канцелариски задачи, што дополнително влијае на пазарот на труд.

CATEGORIES
Share This