НЕМА ДА ГО НАПАДНЕМЕ ГРЕНЛАНД – Ќе го купиме

Претседателот го спомена и можното вклучување на Канада и Венецуела во САД

НЕМА ДА ГО НАПАДНЕМЕ ГРЕНЛАНД – Ќе го купиме
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп на саботниот банкет на клубот „Алфалфа“ се пошегува за можноста Гренланд, Канада и Венецуела да станат дел од САД.

„Нема да го нападнеме Гренланд – ќе го купиме“, рече Трамп.

Тој додава дека никогаш не мислел Гренланд да биде 51-ва држава, туку дека таа улога би можела да ја има Канада, додека Гренланд би бил 52-ра, а Венецуела 53-та држава на САД.

Трамп порано изјави дека Данска не може да обезбеди безбедност на Гренланд, кој е важен за националната одбрана на САД, но нагласи дека не планира да го преземе островот, кој има автономен статус.

Весникот потсетува дека во почетокот на јануари САД спровеле воена операција во Венецуела, при што беа уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, кои подоцна беа гонети во Њујорк по обвиненија за „наркотероризам“.

На банкетот Трамп се пошегува и за новиот претседател на Федералните резерви, Кевин Ворш, и за документарецот за првата дама Меланија Трамп, како и за изградбата на нова балска сала во Белата куќа и претстојните спортски настани – Светското првенство во фудбал и Олимпијадата во 2028 година.

Некои шеги не беа добро прифатени, па во салата владееше тишина. По банкетот, Трамп отпатува во Палм Бич.

CATEGORIES
TAGS
Share This