БРУТАЛНИ КРИТИКИ – „Меланија“ меѓу најлошо оценетите филмови годинава

Буџет од 75 милиони, но гледачите разочарани

БРУТАЛНИ КРИТИКИ – „Меланија“ меѓу најлошо оценетите филмови годинава
Фото: Принтскрин

Документарецот за поранешната прва дама Меланија Трамп, со буџет од околу 75 милиони долари, се појави во кината, но не ја воодушеви публиката. На IMDb има рејтинг од 1,1/10, а на Rotten Tomatoes само 11% позитивни критики.

Критичарите го нарекуваат филмот „празен, монотони и делумно пропаганден“, фокусирајќи се на подготовките за инаугурацијата и ситни детали, наместо на вистинската биографија на Меланија. Гледачите се жалат дека е долг, досаден и претставува „полирање на имиџот“ на Меланија и Трамп.

Еден корисник дури заклучи: „Единственото вредно нешто во филмот се чевлите на Меланија“.

CATEGORIES
Share This