НЕВИДЕНО ВО ИСТОРИЈАТА НА БОКСОТ – Милер „остана без коса“ на мечот

Ибе го погоди со аперкат, а Милер остана без коса и тоа во сред борба.

НЕВИДЕНО ВО ИСТОРИЈАТА НА БОКСОТ – Милер „остана без коса“ на мечот
Фото: Принтскрин

Се појави сцена што никој досега не ја видел во историјата на боксот Во борбата меѓу Џарел Милер и Кингсли Ибе.

За време на мечот, Ибе ГО погоди Милер со силен аперкат, а шокот беше целосен кога горниот дел од главата на Милер, од челото до темето, се одвои и остана да висне! Судии, публика и гледачи на социјалните мрежи беа во неверување.

Но, Милер реагираше со чувство за хумор и целосно ја откина „одделената“ коса и ја фрли во публика, продолжувајќи да се бори целосно ќелав.

Сè уште не е јасно дали станува збор за вештачка коса или светот навистина бил сведок на нечувствен момент во рингот. Мечот заврши со поделена судиска одлука, но резултатот замина во втор план и интернетот доби нов вирален хит.

Дури и една среќна навивачка која ја фати „отпаднатата“ коса се пошегува дека добила нова фризура.

CATEGORIES
Share This