2.618 АПЛИКАЦИИ ЗА ПРОЕКТИ – Министерството за култура со буџет од 5,19 милијарди денари за 2026
Рекорден интерес за годишните конкурси за културата во 2026 година.

За годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале 2.618 апликации, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Тој нагласи дека зголемените средства и проширувањето на моделот на делегиран буџет за националните установи ја покажуваат поддршката на државата за уметниците и културните работници.
Вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2026 година изнесува 5,19 милијарди денари, од кои 1,07 милијарди се наменети за проекти од национален интерес, со фокус на современо творештво, меѓународна соработка и креативни индустрии.
CATEGORIES Култура

