ПОКРАЈ МЕДИУМСКАТА ВОЗБУДА И ЗАКАНИТЕ ЗА ВОЈНА – Преговорите со САД напредуваат

Средбата на Лариџани со Путин и посетата на министерот од Катар ја поттикнуваат дипломатската динамика.

ПОКРАЈ МЕДИУМСКАТА ВОЗБУДА И ЗАКАНИТЕ ЗА ВОЈНА – Преговорите со САД напредуваат
Фото: Принтскрин

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, денеска изјави дека разговорите меѓу Техеран и Вашингтон за иранската нуклеарна програма се во напредна фаза, и покрај зголемената реторика и заканите за можна воена конфронтација.

„И покрај вештачката медиумска возбуда за војна, структурната рамка за преговорите во моментов напредува“, напиша Лариџани во објава на социјалната мрежа X.

Неговата изјава следува само еден ден по посетата на Москва, каде што оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин. Иако деталите од разговорите не беа официјално објавени, иранската агенција Press TV, повикувајќи се на руски медиуми, информира дека теми на средбата биле билатералните односи, како и клучни регионални и меѓународни прашања.

Објавата на Лариџани доаѓа и во пресрет на најавената посета на министерот за надворешни работи на Катар на Техеран. Според најавите, разговорите ќе бидат насочени кон тензиите меѓу Иран и САД и можните дипломатски патишта за деескалација на ситуацијата.

CATEGORIES
Share This