МИЦКОСКИ ЗАДОВОЛЕН – Првпат ваучерите за студенти целосно искористени
15.000 денари можеби не се целосно доволни, но се доволни за електронски уред

Фото: Национал
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за искористеноста на ваучерите за таблети и електронски уреди за студентите, изјави дека целосниот фонд е искористен. Тој додаде дека ова е првпат ваучерите да се искористат во целост и дека интересот од студентите бил изненадувачки голем.
„Ветивме дека сите студенти, без разлика дали се на приватни или државни универзитети, ќе можат да ги користат овие ваучери, и сме задоволни од постигнатиот резултат. Дали 15.000 денари се доволни – можеби не целосно, но со таа сума може да се набави електронски уред кој ќе биде од корист понатаму“, рече Мицкоски.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест

