ДАНСКА ВОДИ – Еве кои се условите за пензионирање во другите европски земји

Споредба на возраста за пензионирање по земји

ДАНСКА ВОДИ – Еве кои се условите за пензионирање во другите европски земји
Фото: Принтскрин

Пензиските измени во Данска предвидуваат граѓаните да можат да се пензионираат дури на 70 години. Ова важи за сите родени по 31 декември 1970 година, што ја прави Данска земја со највисока возраст за пензионирање во Европа.

Во меѓувреме, другите земји од ЕУ имаат различни правила. На пример, во Германија возраста за пензионирање постепено се зголемува до 67 години до 2031 година. Повеќето Германци можат да се пензионираат порано, најрано на 63 години, но со намалена пензија.

Во Европа постојат значителни разлики и некои земји имаат различни возрасти за мажи и жени, некои дозволуваат предвремено пензионирање со попусти, а во други возраста за пензионирање е поврзана со очекуваниот животен век.

Возраст за пензионирање во избрани земји од ЕУ предвидува во Белгија 67 години, постепено до 2030, во Бугарија Жени 63, мажи 65 години, Данска 70 години, Германија 67 години, постепено до 2031, Естонија до 65 години до 2026, Финска 65 години, Франција 64 години, Грција 62 години, Ирска до 68 години до 2028, Италија 67 години, поврзано со животен век, Хрватска мажи 65, жени до 65 години до 2029, Латвија до 65 години до 2026, Литванија 63-65 години, зависно од регион, Луксембург 65 години, Холандија 67 години, поврзано со животен век, Унгарија 65 години, Норвешка 67 години, Австрија жени 61, мажи 65 години, Полска жени 60, мажи 65 години, Португалија 66 години, Романија жени 61, мажи 65 години, Словачка 64 години, Словенија 62-67 години, зависно од работен стаж, Шпанија до 67 години до 2027, Шведска 66 години, со можност од 62 и Чешка 65 години

Пензиските системи во Европа се далеку од унифицирани. Покрај различните возрасти за пензионирање, постојат и разлики во времето на уплата во пензиските фондови и во износите на пензиите.

CATEGORIES
Share This