ОПШТИНА ПРИЛЕП СО ГРИЖА ЗА МЛАДИТЕ СЕМЕЈСТВА – Секое прваче ќе добие 3.000 денари

Од Буџетот на Општина Прилеп се издвоени два милиони денари за реализација на мерката.

ОПШТИНА ПРИЛЕП СО ГРИЖА ЗА МЛАДИТЕ СЕМЕЈСТВА – Секое прваче ќе добие 3.000 денари
Фото: Принтскрин

На осмата седница на Советот на Општина Прилеп беше усвоен Правилникот за доделување еднократна парична помош. Според него, секое дете кое се запишува во прво одделение во учебната 2026/2027 година ќе добие 3.000 денари.

За реализација на оваа мерка, од Буџетот на Општина Прилеп се издвоени два милиони денари, со што се обезбедува финансиска поддршка за семејствата чија деца за првпат започнуваат основно образование. Ова е првпат Општина Прилеп да воведе ваква директна финансиска поддршка за првачиња.

Советниците исто така ја изгласаа и измената на Правилникот за доделување еднократна помош за новороденчиња. Со измената, рокот за поднесување барања се продолжува од 45 на 90 дена за новороденчиња родени во 2026 година на подрачјето на Општина Прилеп.

Овие мерки за поддршката за првачиња и олеснетите услови за новороденчиња ја покажуваат грижата на локалните власти и посветеноста кон младите семејства.

CATEGORIES
Share This