ААВМУ РЕАГИРА ЗА ПРИТИСОК ВРЗ НОВИНАРИТЕ – Судот го казни известувањето, новинарите под притисок по пресудата за Лиридона Вејсели

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ја изрази својата сериозна загриженост поради пресудата од 12 јануари годинава, со која новинарката Лиридона Вејсели е осудена на казан од 700 евра за „злоупотреба на лични податоци“. Пресудата е поврзана со објавување на име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок.
Поотчно, според судското образложение, Вејсели е обвинета за „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 став 1 од Кривичниот законик, затоа што на Инстаграм и Тик Ток објавила лични податоци – име и презиме на судија. Судот во пресудата наведува дека:
„Вејсели е виновна заради тоа што на 28.10.2024 година спротивно на условите утврдени со закон без согласност од оштетениот судија, користела негови лични податоци на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик Ток објавила видеа во кои ги злоупотребила личните податоци на оштетениот судија неговото име и презиме со што му наштетила на неговата чест и угледна неговата професионална дејност која ја извршувал како судија во Основен суд во Тетово повеќе од 37 години“.
Според ААВМУ, ваквата судска одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Критикувајќи го кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на нивната професионална работа, Агенцијата истакнува дека тоа создава дополнителен притисок врз медиумите и сериозно ја ограничува можноста на јавноста да биде навремено и точно информирана.
ААВМУ апелира до сите релевантни институции и чинители да придонесат кон создавање услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и кон заштита на новинарите и медиумските слободи во земјата.

