УБАВА СПОРТСКА МОТИВАЦИЈА – 500 млади спортисти добија стипендии „Спортска надеж“

Министерството за спорт го награди талентот на македонските репрезентативци.

УБАВА СПОРТСКА МОТИВАЦИЈА – 500 млади спортисти добија стипендии „Спортска надеж“
Фото: Принтскрин

Министерството за спорт и годинава додели стипендии „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти и македонски репрезентативци.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, на свеченото доделување во Македонската опера и балет, дел од манифестацијата „Спортист на годината 2025“, нагласи дека еден од приоритетите на Министерството е создавање систем што ги препознава и поддржува младите таленти.

„Вложувањето во младите спортисти е најсигурната инвестиција за државата и инвестиција во здрави генерации, национална гордост и меѓународни спортски успеси, рече Ристовски.

Тој ги повика стипендистите и сите млади спортисти да бидат истрајни на својот пат и да го следат примерот на претходните генерации, за што секогаш ќе имаат поддршка од државата.

„Ја исправивме долгогодишната неправда со измени во законот и доделување национални признанија на сите спортисти кои во изминатите 20 години ја претставуваа Македонија во Европа и во светот. Тие треба да бидат пример за овие 500 млади спортисти“, – нагласи министерот.

Стипендиите се доделуваат на македонски репрезентативци до 20 години, членови на националните селекции во сите спортови.

CATEGORIES
Share This