ПО ДОЛГИ ГОДИНИ ПАД – Подршката за членство во ЕУ порасна на 71 отсто
Граѓаните ја гледаат ЕУ како доверлив партнер, а главните пречки се соседните земји и иселувањето на младите

Ново истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ покажува дека поддршката за членство на Македонија во Европската унија расте и достигнува 71%, што е скок од речиси 10% во однос на претходната година. Растот се должи на промена на ставовите кај неопределените граѓани и членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ја перцепираат ЕУ како доверлив партнер, особено во услови на неизвесна политика на САД, додека евроамбасадорот Михалис Рокас и германската амбасадорка Петра Дрекслер ја оценија поддршката како охрабрувачка.
Истражувањето покажува дека 40% сметаат дека државата е подготвена за членство, а 60% забележуваат напредок во пристапниот процес. Главните пречки се соседните земји (46%) и евроинтеграцијата не го стопира иселувањето на младите (60%). Поддршката за промена на преговарачката рамка пораснала на 27%, додека поддршката за уставните измени останува стабилна и етнички поларизирана (57% Албанци, 11% Македонци).
Политичките лидери посочуваат потреба од храбри одлуки и континуирани реформи за напредок во евроинтеграцијата.

