СВЕЧЕНА ИЗЈАВА НА НОВИОТ СОСТАВ НА ДИК – Бојан Маричиќ нов претседател
Маричиќ претходно беше министер за правда и вицепремиер за европски прашања

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), кој вчера беше изгласан од пратениците, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Комисијата сега ја сочинуваат Бојан Маричи – претседател, Абдуш Демири – потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
ДИК брои седум членови и нивниот состав ги исполнува законските услови: сите се дипломирани правници со најмалку осум години искуство, државјани на Северна Македонија со постојано живеалиште во земјата и не се членови на орган на политичка партија.
Со 83 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието го избра Бојан Маричиќ за нов претседател на ДИК. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко, кој ќе продолжи како член. Маричиќ претходно беше министер за правда и вицепремиер за европски прашања во владите на СДСМ.

