БЛОКИРАНИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ПОРАДИ ПРОТЕСТ – Магла на повеќе патни правци

Сообраќајот се одвива непречено, но по наместа по влажни коловози

БЛОКИРАНИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ПОРАДИ ПРОТЕСТ – Магла на повеќе патни правци
Фото: Национал

Поради одржување протест, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Дополнителни информации се достапни во известувањето на „Макам-Транс“.

Денеска, (28.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа по влажни коловози.

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри е забележана на патниот правец Куманово – Крива Паланка. Видливост до 100 метри има на правците Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес, додека од 100 до 150 метри на правците Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија.

Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.

АМСМ апелира на прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This