БАЛКАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА МИР – Муцунски ќе учествува на Вториот министерски состанок

На состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан

БАЛКАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА МИР – Муцунски ќе учествува на Вториот министерски состанок
Фото: Национал

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул, на покана на својот турски колега, министерот за надворешни работи Хакан Фидан. На состанокот ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

Балканската платформа за мир, иницирана од министерот Фидан во 2025 година, има за цел да придонесе кон регионален мир, стабилност и просперитет преку заеднички пристап во решавањето на регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.

Министерот Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што ќе ги истакне клучните прашања за регионална соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со посебен акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, образованието и младите.

На маргините на состанокот е предвидена и одделна билатерална средба на министерот Муцунски со министерот Фидан, на која покрај билатералните теми ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

CATEGORIES
Share This