ИНТИМНОСТА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ – Важна за здравјето и врската
Како редовниот секс помага за психичка стабилност, подобро здравје и посилни партнерски односи

Сексуалната активност не е важна само за задоволство, туку и за менталното и физичкото здравје. Подолго отсуство на интимност може да зголеми стрес, да влијае на расположението и да создаде тензија во врските. Редовниот секс носи физички придобивки: кај мажите се поврзува со намален ризик од рак на простата и помага за одржување на тонусот на гениталиите.
Интимноста е клучна за доверба, блискост и разбирање во врските. Кратки паузи се нормални, но подолго отсуство може да предизвика емоционално оддалечување. Затоа, редовниот сексуален живот го подобрува психичкото здравје, физичката кондиција и квалитетот на партнерските односи.
CATEGORIES Сцена

