ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ – Следната среда одлучува за сите пласмани
Топчиите“ со победа над Интер ја задржаа перфектната серија од седум победи

Со вчерашните девет меча заврши 7. коло од Лигата на шампионите во тековната сезона. Следната среда ќе се одиграат сите 18 преостанати натпревари, со што ќе заврши лигашкиот дел од најквалитетното клупско натпреварување.
Со победата над Интер на „Меаца“ со 1:3, Арсенал останува единствениот тим со максимални седум победи. Засега, само Арсенал и Баерн Минхен обезбедија сигурен пласман во осминафиналето.
Сите други тимови од третото до осмото место на табелата по 7. коло ќе се борат за својот пласман во 1/8 финалето.
Екипите од 9. до 24. место ќе играат во плеј-оф или ќе се натпреваруваат во 1/16 финалето.
Сите конечни резултати и пласмани ќе се знаат следната среда, на 28 јануари, кога се играат сите 18 меча од осмото коло.
Во меѓувреме, можете да го погледнете актуелниот изглед на табелата.


