98. ОСКАРИ 2026 – Главни фаворити и номинации

Главни фаворити се „Грешници“ со рекордни 16 номинации, следен е филмот „Една битка по друга“

98. ОСКАРИ 2026 – Главни фаворити и номинации
Фото: Принтскрин

Вампирско-блузерскиот хорор „Грешници“ на Рајан Куглер е главен фаворит на 98. Оскари, откако доби рекордни 16 номинации од вкупно 24 категории. Следи филмот „Една битка по друга“ со 13 номинации. Церемонијата ќе се одржи на 14 март, а ќе ја води комичарот Конан О‘Брајен.

Номинации за најдоар филм се „Грешници“, „Една битка по друга“, „Формула 1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти величествениот“, „Сентиментална вредност“, „Тајниот агент“, „Бугонија“ и „Соништа за возови“.

Во конкуренција за надобар актер се Тимоти Шаламе – „Марти величествениот“, Леонардо ДиКаприо – „Една битка по друга“, Итан Хок – „Сина месечина“, Мајкл Б. Џордан – „Грешници“ и Вагнер Моура – „Тајниот агент“ додека за најдобри актерки конкурираат Џеси Бакли – „Хамнет“, Роуз Бирн – „Ако имав нозе би те шутнала“, Кејт Хадсон – „Љубовна песна“, Ренате Реинсве – „Сентиментална вредност“ и Ема Стоун – „Бугонија“.

За најдобра споредна машка улога кандидати се Бенисио дел Торо – „Една битка по друга“, Џејкоб Елорди – „Франкенштајн“, Делори Линдо – „Грешници“, Шон Пен – „Една битка по друга“ и Стелан Скарсгард – „Сентиментална вредност“ додека кај жените се Ел Фанинг – „Сентиментална вредност“, Инга Ибсдотер Лилеос – „Сентиментална вредност“, Ејми Мадиган – „Оружја“, Вунми Мосаку – „Грешници“ и Тејана Тејлор – „Една битка по друга“.

За најдобра режија конкурираат Клое Жао – „Хамнет“, Пол Томас Андерсон – „Една битка по друга“, Рајан Куглер – „Грешници“, Јоаким Триер – „Сентиментална вредност“ и Џош Сафди – „Марти величествениот“ додека за најдобар странски филм се борат „Сентиментална вредност“ – Норвешка, „Тајниот агент“ – Бразил, „Тоа беше само несреќа“ – Иран, „Сират“ – Шпанија/Франција и „Гласот на Хинд Баџаб“ – Тунис

CATEGORIES
Share This