ПОЗДРАВ ОД ПРЕСПА – Првата разгледница за македонското културно наследство
Дистрибуција низ целата Република Албанија за промоција на македонската култура

Фото: Принтскрин
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“, посветена на убавините на Преспанскиот крај. Таа содржи осум фотографии кои го прикажуваат културното и природното наследство на овој регион, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.
Автор на разгледницата е Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ – Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден“.
Изданието е отпечатено со финансиска поддршка на семејството Ѓурѓај.
Разгледницата ќе се дистрибуира низ целата Република Албанија, како важен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонската културна традиција меѓу македонската заедница во Албанија.
CATEGORIES Култура
TAGS Топ вест

