СОСТОЈБАТА СО ГРИПОТ – Бројот на заболени во третата недела од 2026
2.062 нови случаи, пад од 11% во однос на претходната недела, но за 46% повеќе од лани

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062 случаи на заболувања слични на грип, што е благо намалување од 11% споредено со претходната недела, но за 46% повеќе од истиот период лани.
Најзасегнати групи со највисока инциденца се деца до 4 години, најбројна група се лицата од 15 до 64 години (1.274 случаи) додека кај лицата над 65 години евидентирани се 266 случаи.
Регионална распределба (избрани градови) ја покажува следната слика: Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96 и Струмица – 85 лица.
Во останатите градови бројот на заболени е помал од 30.
Од почетокот на сезоната, заболени се 8.209 лица (двојно повеќе од лани), со три смртни случаи.
ИЈЗ апелира на вакцинација, особено за ризичните групи. Досега вакцинирани се 79.078 граѓани.

