ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ИТАЛИЈА – Македонија со четири претставници
Македонските олимписки претставници ќе настапат во нордиско скијање и алпско скијање

Македонскиот олимписки тим е подготвен да ги брани државните бои на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Кортина и Милано, Италија.
Квотата за настап ја обезбедија четворица спортисти, кои со висока мотивација ќе се натпреваруваат во своите дисциплини. Во нордиско трчање Македонија ќе ја претставуваат Ана Цветановска во женска конкуренција и Ставре Јада кај мажите. Двајцата ќе настапат во спринтерските трки, како и во дисциплината интервал старт на 10 километри.
Во алпското скијање, македонските надежи ќе ги бранат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, кои ќе се натпреваруваат во слалом и велеслалом.
Од Македонскиот олимписки комитет информираат дека сите олимпијци се во одлична форма и целосно подготвени за олимпискиот предизвик, со очекувања за достоинствено претставување на државата. Точните термини на нивните настапи ќе бидат соопштени во наредните денови.
Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026 ќе се одржат во периодот од 6 до 22 февруари 2026 година.

