ЗЕЛЕНСКИ СЕ ПРЕДОМИСЛИ – Замина хитно за Давос на средба со Трамп
Иднината на Украина се одлучува: Зеленски во Давос, Путин на средба со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е на пат кон Давос, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Светскиот економски форум, изјави денес советник на украинскиот претседател.
Зеленски лети за Давос по итна потреба, бидејќи се подготвува договор кој ќе ја одреди иднината на Украина.
Исто така, денес треба да се одржи средба во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, при што на средбата ќе присуствува и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, објави Ројтерс.
Претходно, Трамп најави дека ќе се сретне со Зеленски и изрази уверување дека украинскиот претседател сака да постигне договор. Зеленски, пак, претходно оваа недела се откажа од патувањето во Швајцарија поради масовниот руски напад, кој остави делови од Украина без вода и струја во суровата зима.

