ОД 1 ФЕВРУАРИ ВО СРБИЈА – Се зголемуваат надоместоците за невработеност
Најнискиот нето надомест ќе изнесува 22.170 динари, највисокиот 51.394 динари

Фото: Принтскрин
Од 1 февруари во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност, во согласност со инфлацијата во претходната година, соопшти Националната служба за вработување.
Најнискиот бруто надомест ќе биде 33.745 динари (зголемување за 887 динари), а најнискиот нето надомест 22.170,47 динари (зголемување за 582,76 динари) додека пак, највисокиот бруто надомест ќе изнесува 78.226 динари (зголемување за 2.057 динари), а највисокиот нето надомест 51.394,48 динари (зголемување за 1.351,45 динари).
Износот на надоместокот зависи од сумата на платите во последните 12 месеци пред завршување на работниот однос.
Конечниот надомест се намалува за придонесите за пензиско и инвалидско осигурување (24%) и за здравствено осигурување (10,3%).
CATEGORIES Бизнис

