СТУДЕНО УТРО – Попладне намалување на облачноста
Се очекува утринска магла по котлините, попладне постепено разведрување низ земјава

Фото: Национал
Времето денеска (22.01.) претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува и температура во интервал од -5 до + 4 степени – информираат од Управта за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

