ЕУ ПОД ПРИТИСОК – Дали Гренланд ќе се жртвува за да ја смири Белата куќа
Лидерите се загрижени поради брзите и непредвидливи закани од Белата куќа

Според извори на Светскиот економски форум во Давос, постои загриженост дека Европа би можела да го „жртвува“ Гренланд за да ја смири Белата куќа. Блумберг јавува дека многумина во Европа сметаат дека „редот воспоставен по Втората светска војна е завршен“ и дека евентуално преземање на територии од страна на американскиот претседател Доналд Трамп би можело да ја промени светската политика.
Европските лидери се изненадени од губењето на поддршката од САД и од брзата промена на пристапот на Вашингтон од партнерски кон конфронтациски. Некои признаваат дека тешко разбираат како да одговорат на постојаните закани и барања без јасна логика.
Обновеното барање на Трамп до Данска за отстапување на Гренланд, заканите за нови тарифи и планот за глобален безбедносен форум, доаѓаат во време кога Европа се соочува со економски предизвици и растечка неизвесност во врска со американските безбедносни гаранции.
Блумберг заклучува дека постои чувство дека настаните „излегуваат од контрола“, додека односот меѓу Европа и Белата куќа се менува кон значително понепријателски.

