АНБ АЛАРМИРА – Финансиски закани и корупцијата, прашање на национална безбедност

Довербата на граѓаните и стабилноста на институциите се во фокусот на националната безбедност

АНБ АЛАРМИРА – Финансиски закани и корупцијата, прашање на национална безбедност
Фото: Национал

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) истакнува дека сериозниот финансиски и економски криминал, како и високата корупција, претставуваат директна закана за стабилноста на државата, институциите и довербата на граѓаните.

Во изминатиот период, преку засилена меѓуинституционална соработка и проактивен разузнавачки пристап, АНБ идентификувала предмети со сериозни безбедносни и институционални импликации меѓу кои финансиски и даночен криминал со значителна штета по буџетот, како и сомнежи за висока корупција во правосудството, каде што е одземена значителна парична сума.

АНБ нагласува дека нејзината улога е навремено да ги детектира и анализира ризиците и да ги доставува до надлежните институции, кои постапуваат согласно законските овластувања.

CATEGORIES
Share This