ОДБРАНБЕНА СИЛА ЗА ЕВРОПА И УКРАИНА – Зеленски предлага милионска армија
Првата јавно изнесена идеја на Зеленски за заедничка сила доаѓа како одговор на руски закани

Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и Европа треба да создадат заедничка одбранбена сила од три милиони војници. Тој истакна дека првпат јавно зборувал за оваа потреба минатата година, како одговор на заканите од Русија, која планира да ги зголеми своите вооружени сили на 2,5 милиони војници до 2030 година.
Зеленски додаде дека нема застој во разговорите меѓу Киев и Вашингтон.
Што се однесува до состанокот во Давос, Зеленски би можел да патува само ако има билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп за потпишување на „договор за просперитет“.
CATEGORIES Свет

