СОСЛУШАН СУДИЈАТА РИСТОВ -Обвинителството бара куќен притвор
ОЈО ГОКК по распитот достави предлог мерки до Основниот кривичен суд Скопје

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денес го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов. Во текот на распитот, на осомничениот му беа презентирани доказите прибрани во истрагата, врз кои се темели основаното сомневање за сторување на кривичните дела.
По завршувањето на сослушувањето и по оценка на сите објективни и субјективни околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.
Покрај оваа мерка, обвинителството предложи и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката.

