ЛЕДЕН ВАРДАР, ТОПОЛ АПЛАУЗ – Дарко Митровиќ го фати крстот

Голем број верници и илјадници граѓани сведочеа на традиционалното одбележување на Водици во центарот на Скопје

ЛЕДЕН ВАРДАР, ТОПОЛ АПЛАУЗ – Дарко Митровиќ го фати крстот

Дарко Митровиќ (24) е најсреќниот меѓу 160-те верници кои денеска се нурнаа во ледените води на реката Вардар, во центарот на Скопје, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Тој прв успеа да доплива до чесниот крст, кој беше положен во водите кај мостот „Слобода“.

Чинот на осветување на водите и положувањето на крстот го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во присуство на илјадници граѓани кои го исполнија кејот на Вардар.

Дарко, кому според верувањето му припаѓа благословот за оваа година, беше пречекан со громогласен аплауз од присутните, со што продолжи вековната традиција на скопското одбележување на празникот Водици.

CATEGORIES
TAGS
Share This