ЗАКОНСКА ОБВРСКА – Регистрација за инфлуенсери, влогери и креатори на содржини
Правни обврски и регулативи за креаторите на содржини

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информира сите инфлуенсери, влогери, креатори на содржини и јутјубери дека, согласно измените на медиумската легислатива од јули 2023 година, сега подлежат на регулација и имаат законска обврска да се регистрираат во АВМУ како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
Обврската важи за оние кои ги исполнуваат следниве критериуми: обезбедуваат аудиовизуелни услуги преку платформи за споделување видеа (YouTube, Instagram, TikTok и слично), имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници, остваруваат економски интерес од своите содржини, во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 видеа и целта на содржините е да информираат, образуваат или забавуваат и постои уредничка одговорност.
Подетални информации и формулар за пријавување се достапни во Правилникот на Агенцијата и на веб-страницата www.avmu.mk, во банерот „Инфлуенсери/Влогери“.
За прашања или појаснувања, заинтересираните можат да се обратат на е-адресата: influenseri@avmu.mk.


