ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД СЕЗОНСКИ ГРИП Почина 75-годишна пациентка на Клиниката за инфективни болести
Според надлежните, грипот во јануари 2026 година бележи засилен и „галопирачки“ тренд, а најголем ризик имаат невакцинираните лица со коморбидитети.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот смртен случај од сезонски грип оваа сезона. Почината е 75-годишна невакцинирана пациентка со повеќе хронични заболувања, кај која лабораториски е потврден вирусот Инфлуенца А.
Во моментов се хоспитализирани околу 25 пациенти, од кои двајца се во критична состојба и на респираторна поддршка. Според надлежните, грипот во јануари 2026 година бележи засилен и „галопирачки“ тренд, а најголем ризик имаат невакцинираните лица со коморбидитети.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


