АХМЕТИ ПРИФАЌА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА – За останатите прашања нова средба насамо со Мицкоски

Лидерот на ДУИ ги презентираше своите предлози за измените во Изборниот законик

АХМЕТИ ПРИФАЌА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА – За останатите прашања нова средба насамо со Мицкоски
Фото: Принтскрин

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети се залага за една изборна единица. Во врска со измените на Изборниот законик, тој нагласи дека ДУИ веќе ги презентирала своите предлози: една изборна единица, праг од пет проценти и отворени листи. Прашувањето за натамошни дискусии останува отворено.

Ахмети се осврна и на прашањето за обезбедување двојно мнозинство при изборот на Народен правобранител, истакнувајќи дека се потребни дополнителни консултации.

„Потребните консултации не се направени, туку дејствијата се преземени произволно, а консензуалната демократија има свои правила. Сега координаторите на пратеничките групи треба да бараат решенија и да организираат дополнителни консултации за тоа како може да се реши ова прашање, нагласи Ахмети.

Во врска со законите за „Сејф сити“, кои бараат Бадентерово мнозинство и кои се блокирани од страна на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Ахмети посочи дека координаторите на пратеничките групи треба да се сретнат и да најдат решение.

Што се однесува до останатите прашања што Ахмети планирал да ги отвори денес, било одлучено тие дополнително да ги дискутира со Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This