ПРИВРЕМЕНА ПРОМЕНА НА КЛУПАТА НА МАНЧЕСТЕР – Карик до крајот на сезоната
Привремениот договор важи само до завршетокот на сезоната

Фото: Принтскрин
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, се очекува да биде назначен за привремен тренер на „Црвените ѓаволи“. Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека Карик ги прифатил сите услови на раководството на клубот, и неговото назначување се очекува наскоро.
Карик ќе ја извршува функцијата на привремен тренер до крајот на сезоната, наследувајќи го Дарен Флечер, кој претходно ја имаше истата улога по отказот на Рубен Аморим.
CATEGORIES Фудбал


