АЛОНСО ПРИЗНА – Мандатот во Мадрид не ги исполни очекувањата

Навивачите, играчите и клубот добија благодарност од Алонсо пред заминувањето

АЛОНСО ПРИЗНА – Мандатот во Мадрид не ги исполни очекувањата
Фото: Принтскрин

По само седум месеци на „Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо вчера доби отказ. Неговото место веднаш го зазеде Алваро Арбелоа, кој веќе денеска почна да работи со тимот.

Чаби Алонсо за прв пат јавно проговори по заминувањето, признавајќи дека неговиот седуммесечен мандат не ги исполнил очекувањата. Шпанскиот тренер, кој летово дојде од Баер Леверкузен по историската сезона во Бундеслигата, истакна дека работата во Мадрид не се одвивала според планот, но не сакал да остави горчлив впечаток.

„Оваа професионална фаза заврши и не испадна онака како што сакавме. Тренерството на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и, пред сè, на навивачите на Реал за нивната доверба и поддршка. Си заминувам со почит, благодарност и гордост затоа што дадов се од себе“, напиша Алонсо на социјалните мрежи.

CATEGORIES
Share This