ТУРИСТИ ЈАНУАРИ – НОЕМВРИ 2025 ГОДИНА – Најмногу турски туристи во Македонија

Бројот на ноќевања во ноември 2025 година изнесувал 146.605, од кои 33,9% се од домашни туристи додека 66,1% се од странски туристи.

ТУРИСТИ ЈАНУАРИ – НОЕМВРИ 2025 ГОДИНА – Најмногу турски туристи во Македонија
Фото: Принтскрин

Во ноември 2025 година, Северна Македонија ја посетиле 77.570 туристи, кои оствариле 146.605 ноќевања. Од вкупниот број туристи 25,7% се домашни а 74,3% се странски.

Меѓу странските туристи, најмногу посетители имало од Турција – 12.401 турист, Германија – 11.812 туристи, Србија – 3.793 туристи и Грција – 3.506 туристи.

Бројот на ноќевања во ноември 2025 година изнесувал 146.605, од кои 33,9% се од домашни туристи додека 66,1% се од странски туристи.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, споредено со истиот период во 2024 година вкупниот број на туристи се зголемил за 6% од кои кај домашните туристи има намалување од 2,5% додека кај странските туристи има зголемување од 10,3%.

Вкупниот број на ноќевања се зголемил за 0,8% од кои кај домашните туристи има намалување од 4,3% додека кај странските туристи има зголемување од 6,9%.

CATEGORIES
Share This