ГРИПОТ НАЈКРИТИЧЕН ВО ВЕЛЕС – Итната служба се бори со огромен број пациенти

Матичните лекари не работат за време на викендот, па граѓаните се принудени да се обратат во Итната помош.

ГРИПОТ НАЈКРИТИЧЕН ВО ВЕЛЕС – Итната служба се бори со огромен број пациенти
Фото: Принтскрин

Грипот во Велес веќе четврта недела зема силен замав, а изминатиот викенд ситуацијата достигна врв. Портпаролката на Итната медицинска помош, д-р Славица Нешова Пановски, соопшти дека бројот на пациенти од сите возрасти се зголемил драстично, создавајќи голем притисок врз службата, која работи со намален број персонал.

Поради тоа што матичните лекари не работат за време на викендот, граѓаните масовно се обраќаат во Итната служба.

Симптомите се сериозни – висока температура која не паѓа со денови, силни болки во мускулите и коските, кашлица и општа изнемоштеност.

Лекарите со голем напор се обидуваат да одговорат на сите повици, вклучително и на бројните барања за домашни посети кај најстарите пациенти.

CATEGORIES
TAGS
Share This