СЕДНИЦА НА ВРВОТ НА ДУИ – Денеска одлука за политичката средба

Прашањето за лидерската средба ќе биде разгледано на редовната седница на Генералниот совет

СЕДНИЦА НА ВРВОТ НА ДУИ – Денеска одлука за политичката средба
Фото: Архива

Демократската унија за интеграција на в черашната втора седница на Претседателството на Генералниот совет на која се расправало за актуелните политички случувања во земјата, како и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, расправало и за најавениот состанок на политичките лидери, при што било договорено одлуката за учество или неучество на ДУИ на овој состанок да се разгледа и донесе денеска (13.01.) на редовната седница на Генералниот совет.

На седницата, претседателот Али Ахмети ги информирал членовите и за реализираните именувања од третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ. За претседатели на ограноците биле именувани: Арлинд Сејдини во Кичево, Евзал Арслани во Врапчиште, Арјан Муедини во Ресен и Хамза Јашари во Карпош.

Од ДУИ истакнуваат дека партијата останува посветена на зајакнување на сопствените структури и на одговорно адресирање на политичките процеси, со цел заштита на интересите на граѓаните и зачувување на политичката стабилност во земјата.

CATEGORIES
Share This