ДАНСКА ЌЕ ГО БРАНИ ГРЕНЛАНД ЗАЕДНО СО НАТО – против НАТО-сојузникот САД

Данска се подготвува да го брани Гренланд од најголемиот сојузник на НАТО

ДАНСКА ЌЕ ГО БРАНИ ГРЕНЛАНД ЗАЕДНО СО НАТО – против НАТО-сојузникот САД
Фото: Принтскрин

Владата на Гренланд денеска соопшти дека ќе ги зголеми напорите за одбраната на арктичката територија, нагласувајќи дека тоа ќе се реализира под покровителство на НАТО. Таа истовремено ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД треба да преземат контрола над Гренланд.

„Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, имаат заеднички интерес за одбраната на Гренланд“, соопшти Владата на Гренланд, пренесува Ројтерс.

Трамп минатиот петок изјави дека САД ќе преземат акција во врска со Гренланд „сакале или не“ и дека тоа ќе го сторат „или на добар начин или на тврд начин“. Американската администрација постојано ја остава отворена можноста за употреба на воена сила, иако Данска и Гренланд се сојузници во НАТО.

Данската премиерка Мете Фредериксен порача дека Данска се наоѓа во критичен момент поради заканите на Трамп, оценувајќи дека тие претставуваат потенцијално кршење на соработката во рамките на НАТО.

„Влогот е поголем отколку што може да се види на прв поглед. Ако САД всушност го свртуваат грбот на западниот сојуз и заканувајќи се на земја-членка ја доведуваат во прашање нашата соработка во НАТО, тоа е нешто што не сме го доживеале досега. Тоа нема да биде прифатено“, рече Фредериксен.

Таа додаде дека Данска добила силна поддршка од другите земји-членки на НАТО во врска со статусот на Гренланд.

CATEGORIES
TAGS
Share This