ТРАМП СЕ ПОФАЛИ Новата сметка од Украина – ништо за Бајден, јас добив ретки минерали
Претседателот Трамп истакна дека Бајден не добил ништо за возврат од помошта за Украина и најави дека сака да го заврши конфликтот за да спаси животи

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека приходите на САД од пристапот до украинските минерални ресурси ќе надминат 350 милијарди долари.
„Како што знаете, Џо Бајден ѝ даде на Украина 350 милијарди долари, а не доби ништо за возврат. Јас добив ретки метали и сметам дека добив многу поголема вредност“ – изјави Трамп.
Тој додава дека тоа требало да го стори и неговиот претходник.
Трамп нагласи дека верува оти има напредок во решавањето на украинското прашање. Тој исто така призна дека САД профитираат од конфликтот со продажба на оружје на НАТО, но изрази желба да се заврши конфликтот за да се спасат животи.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


