ЛИНА ЃОРЧЕСКА СТАРТУВА МОЌНО Убедлива победа во Мелбурн
Првиот сет донесе драма, но Лина покажа ментална цврстина во клучните моменти

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа импресивно го отвори учеството во квалификациите за првиот Грен слем во сезоната. Таа ја елиминираше Австријката Сиња Краус (104. ВТА) со убедливи 2-0 во сетови, 7-5 и 6-0.
Првиот сет донесе вистинска драма. Краус пружи силен отпор, но Ѓорческа покажа ментална цврстина во клучните моменти и го скрши сервисот на противничката при 6-5 и го освои сетот. Тоа беше пресудниот момент и австриската тенисерка психолошки падна, а Лина влезе во „зона“ и во вториот сет доминираше со 6-0.
Мечот на теренот број 12 траеше точно еден час, а статистиката покажа импресивен рекорд: Ѓорческа заврши со серија од 10 гема во низа.
Ова е трет настап на Лина во Мелбурн, а формата која ја покажа во вториот сет дава надеж дека може да го повтори или дури надмине својот најдобар резултат од 2017 година, кога застана на последната пречка пред главниот турнир.


