ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА СЕ МЕНУВААТ – Колку ќе изнесуваат од 13 јануари
Новите цени на горивата важат од полноќ на 13 јануари 2026 година

Фото: Национал
Регулаторната комисија за енергетика објави нови цени на горивата од 13 јануари 2026 година.
Бензините поскапуваат и Еуросупер БС-95 ќе се продава за 70,50 ден/л (+0,50 ден) додека еуросупер БС-98 ќе се точи по 72,50 ден/л (+0,50 ден).
Кај дизелот цената не се менува и Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 64,50 ден/л.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 64,50 ден/л со покачување од 0,50 ден за литар додека мазутот поевтинува и М-1 НС ќе се продава по 32,133 ден/кг со намалување од 0,668 ден.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


