ЗЕЛЕНСКИ ДО ПАРЛАМЕНТОТ – Продолжување на вонредната состојба
Предлозите се испратени до надлежниот комитет на Врховната рада за разгледување

Фото: Принтскрин
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денес до Врховниот совет на Украина достави предлози за закони за продолжување на воената состојба и општата мобилизација во земјата.
Според информациите на Укринформ, веб-страницата на украинскиот Парламент објави два нацрт-закона од 12 јануари 2026 година: број 14366, кој се однесува на потврдување на претседателскиот декрет за продолжување на воената состојба, и број 14367, за потврдување на декретот за продолжување на општата мобилизација.
Предлозите се испратени на разгледување кај надлежниот комитет на Врховната рада.
Потсетуваме, претходно на 30 октомври 2025 година, претседателот Зеленски потпиша закони со кои се продолжија роковите на воената состојба и општата мобилизација во Украина.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


