ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНИТЕ БУЏЕТИ – Таблата јајца сега поевтина за 60-80 денари
Ревидирањето на цените е дел од широка иницијатива за стабилизација на пазарот

Фото: Принтскрин
По неколку месеци на растечка инфлација која го празнеше џебот на македонските потрошувачи, цените на јајцата во маркетите од денес значително опаднаа. Тие се вратени на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога јајцата поскапеа за рекордни 30%.
Во дел од поголемите маркети, таблата од 30 јајца сега се продава по цена намалена за 60 до 80 денари, што претставува значително олеснување за семејните буџети.
Добавувачите најавуваат дека ревидирањето на цените ќе продолжи и во наредните денови кај сите трговци на мало.
CATEGORIES Бизнис


