НОВА ИНИЦИЈАТИВА – Министерството донира 7.500 вакцини за заштита на здравјето

Пријавувањето е преку електронски а вакцинацијата ќе се спроведе низ целата држава.

НОВА ИНИЦИЈАТИВА – Министерството донира 7.500 вакцини за заштита на здравјето
Фото: Национал

Министерството за здравство донира 7.500 вакцини на Институтот за јавно здравје, со кои ќе се опфатат 2.500 здравствени работници и студенти на медицина и стоматологија. Пријавувањето ќе се врши преку електронски модул во наредните десет дена, а вакцинацијата ќе се спроведе во Институтот и во центрите за јавно здравје низ државата.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека вакцината е важна за заштита од инфекција преку крв и телесни течности, особено кај оние што не биле вакцинирани при воведувањето на задолжителната имунизација во 2004 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This