ПОЛАРЕН СТУД ЈА ЗАМРЗНА ЗЕМЈАВА Студот не попушта ни преку ден

Температурите наутро паднаа и до -16 степени, а студениот северен ветер дополнително го зголемува чувството на студ

ПОЛАРЕН СТУД ЈА ЗАМРЗНА ЗЕМЈАВА Студот не попушта ни преку ден
Фото: Национал

Македонија денеска (12.01.) осамна во вистинска поларна атмосфера, со температури кои на повеќе места се спуштија длабоко под нулата. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено било на Попова Шапка, каде што се измерени екстремни -16 степени. По неа следуваат Маврови Анови со -14 и Крушево со -13 степени.

Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието, дополнително ќе го зголемува чувството на студ. Максималните дневни температури и во најтоплите делови од земјата тешко ќе надминат 3 степени, додека во Скопје се очекува температурата да достигне само 1 степен.

CATEGORIES
Share This