ГОСТИВАР, ВРАПЧИШТЕ, МАВРОВО И РОСТУШЕ, ЦЕНТАР ЖУПА – Еве ги победниците

Повторени избори се одржа поради непостигнат цензус на редовните локални избори

ГОСТИВАР, ВРАПЧИШТЕ, МАВРОВО И РОСТУШЕ, ЦЕНТАР ЖУПА – Еве ги победниците
Фото: Принтскрин

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, победи на повторените локални избори во Општина Гостивар со 61,52% од гласовите, додека Невзат Бејта од коалицијата Влен освои 30,29%.

Изборите се повторија поради тоа што претходниот круг пред шест месеци не ја достигна законската излезност. Овојпат, иако излезноста беше мала, немаше цензус за избор на градоначалник.

Повторено гласање се одржа и во други три општини: во Маврово и Ростуше победи Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ, а во Врапчиште нов мандат доби Исен Шабани од коалицијата на ДУИ.

Во Општина Центар Жупа за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кој беше единствен кандидат.

CATEGORIES
Share This