САД-УКРАИНА: Најава на преговори за слободна трговија
Договорот би можел да овозможи нулти царини за украинските индустриски региони и да стане дел од „план за просперитет“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев води преговори со САД за можно склучување на договор за слободна трговија. Според него, договорот би можел да овозможи нулти царини за трговија со САД за одредени индустриски региони на Украина и да стане дел од поширок „план за просперитет“ за обновата на земјата по војната.
„Таков договор ќе ѝ обезбеди на Украина значајни предности во споредба со соседните држави и би можел да привлече инвестиции и интерес од деловниот сектор“, изјави Зеленски за Bloomberg. Тој додаде дека сака да разговара за деталите со американскиот претседател Доналд Трамп и дека договорот би претставувал дополнителна гаранција за економската безбедност на Украина.
Меѓутоа, тензиите на фронтот продолжуваат. Рускиот напад со ракета „Орешник“ бил изведен „демонстративно“ во близина на границата со Европската Унија и претставува безбедносен предизвик за земјите членки на ЕУ, како Полска, Романија и Унгарија. Службата за безбедност на Украина (СБУ) го третира нападот врз Лавов како воено злосторство.


