МАКЕДОНИЈА ЈА ПОДРЖУВА УКРАИНА – Осудува на употребата на „Орешник“ во Украина
Ова претставува неодговорна ескалација која ја загрозува регионалната и глобалната безбедност“, порача министерот

Фото: Национал
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди користењето на хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ од Русија врз градот Лвив во Украина, оценувајќи го тоа како опасна и неодговорна ескалација.
„Ја осудуваме употребата на хиперсоничната балистичка ракета ‘Орешник’ врз Лвив. Ваквиот чин претставува неодговорна ескалација која ја загрозува безбедноста во регионот и на глобално ниво, и дополнително го крши меѓународното право“, истакна Муцунски.
Тој нагласи дека Македонија е на страната на Украина и ја поддржува иницијативата предводена од САД и европските партнери за постигнување сеопфатен и траен мир, додавајќи дека ваквите напади ги поткопуваат напорите за мировно решение.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


