НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Гренланд не е ниту на САД, ниту на Данска
Лидерите на петте најголеми партии истакнуваат: иднината на островот ја одлучуваат само Гренландците.

Фото: Принтскрин
Лидерите на петте најголеми политички партии во Гренланд објавија заедничко писмо во кое нагласуваат дека Гренланд не е дел ниту од САД, ниту од Данска, туку им припаѓа на Гренландците. Тие бараат САД да не имаат никаква контрола врз островот.
Лидерите истакнаа дека одлуките за иднината на Гренланд треба да ги носат самите Гренландци, особено Инуитите, во согласност со меѓународното право и законот за самоуправа.
„Ниту една друга земја нема право да одлучува за нас“, се наведува во соопштението.
Со оваа заедничка изјава се потврдува автономијата на Гренланд и правото на неговите граѓани самите да ја обликуваат својата политичка иднина.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


